Преглед на вестите од светот
Британскиот Премиер Кир Стармер на своите блиски пријатели им најавил дека планира да поднесе оставка, објави Дејли Мелј цитирајќи изјава на неименувани владини извори. Иако Даунинг стрит ја демантираше оваа информација во лабуристичката партија се чини дека трката за наследник на Стармер веќе е во полн ек.
И покрај тоа што лидерската битка официјално не е отворена, како најсериозни кандидат се спомнуваат Вес Стритинг, поранешен министер за здравство, и Енди Барнам, градоначалникот на Манчестер, кој се обидува да се врати во парламентот — што му е потребно за реално да конкурира за лидер.
Стритинг вели дека веќе има поддршка од повеќе од 20% од пратениците на лабуристите што е доволно за да почне процедурата за смена на Стармер. Се уште актуелниот британски премиер е под силен притисок по лошите резултати на локалните избори по што десетина негови пратеници веќе побараа тој да си замине.
Најмалку четири лица загинаа во украински напади со дронови врз руски региони, меѓу кои и Москва, која се соочи со најголемиот напад од ваков тип во последната година.
Според московските власти, оштетени се неколку станбени згради и инфраструктурни објекти.
Градоначалникот на Москва, соопшти дека противвоздушната одбрана уништила 81 дрон што се движел кон главниот град. Во нападите биле повредени 12 лица, најголем дел во близина на влезот на московската рафинерија за нафта. Според него, технологијата на рафинеријата не била оштетена.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта и утрото биле соборени вкупно 556 дронови над територијата на Русија.
Со песната „Bangaranga“ во изведба на Дара, Бугарија за прв пат победи на Евровизија
Финалето помина во сенка на одлуката на Шпанија, Холандија, Ирска, Исланд и Словенија да не учествуваат на изборот во знак на протест поради учеството на Израел
И покрај контроверзиите, Израел со песната „Michelle“ доби силна поддршка од публиката и заврши на второто место. Во салата се слушнало негодување кога поените од јавноста го искачија Израел високо на табелата.
Австралија заврши четврта, а Финска, која важеше за еден од фаворитите, беше шеста. Градоначалникот на Софија најави црвен килим за пречекот на Дара.
Македонија оваа година не учествуваше на изборот за песна на Евровизија.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
