Македонија
2. September 2025 - 13:33

На Табановце уапсени унгарец и србин, пренесувале кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети

СВР Куманово поднесе кривична пријава против O.J.(32) од Унгарија и A.Б.(37) од Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 25.08.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при гранична проверка и контрола во возило „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј., а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на пријавените биле пронајдени и одземени кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети.