-->
-->
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-->
Шеесет и едгодишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од П.Г.(59), исто така од кочанско, за сума од 4.000 евра, информира СВР Штип.
Осомничениот во октомври 2020 година ѝ ветил дека со пријатели од Скопје ќе ѝ овозможи да добие пензија. Жената во декември 2023 година му ги предала парите, по што до крајот на 2024 година имале повремени контакти, но потоа тој престанал да одговара на нејзините повици.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отсуството на Арсовска и службите ја прекинаа седницата на Град Скопје
-
Филипче бара оставки и итни анализи на воздухот, водата и почвата во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија кандидатите за советници на метрополата
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на донации
-
Уште едно лице побарало медицинска помош
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала