Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината

Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави декласифицирани документи поврзани со потеклото на Ковид-19, тврдејќи дека содржат нови информации за врските помеѓу истражувањата финансирани од САД, Институтот за вирусологија во Вухан и постапките на поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и советник на претседателот, Ентони Фаучи.
-Пандемијата на Ковид-19 предизвика огромни тешкотии и страдања за милиони наши сограѓани Американци и безброј луѓе ширум светот. По години лаги, цензура и прикривања, американскиот народ заслужува транспарентност, вистина и одговорност, рече Габард во изјава за медиумите.
Објавувањето на документите е најновиот чекор во поширокитe напори на сегашната администрација да ги преиспита одлуките донесени за време на пандемијата, како разузнавачките и научните процеси поврзани со активностите околу Ковид-19.
Објавувањето на документите доаѓа во време кога Габард се подготвува да ја напушти функцијата, откако објави дека ќе се повлече, а претседателот Доналд Трамп го назначи Бил Пулит за нејзин наследник.
Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI) соопшти дека документите вклучуваат внатрешна преписка, обвинувања од дојавувачи и разузнавачки информации поврзани со истрагите за потеклото на пандемијата.
Габард, исто така, го обвини Фаучи дека „лажел пред Конгресот под заклетва во 2024 година“.
ODNI тврди дека Фаучи, додека бил директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (NIAID), учествувал во дискусии поврзани со разузнавачките информации за потеклото на Ковид-19, останал во контакт со разузнавачките службеници за време на клучните фази од процесот и го надгледувал финансирањето на истражувањето на коронавирусот во Институтот за вирусологија во Вухан.
Според Габард, Ентони Фаучи насочил милиони од средствата на даночните обврзници за истражување на коронавирусите на лилјаците во Вухан.
Докумените укажуваат дека Фаучи соработувал со политизирани разузнавачки службеници за да ги потисне информациите за теоријата за протекување на вирусот од лабораторијат и неговата улога во финансирањето.
Агенцијата понатаму наведува дека некои од комуникациите се во спротивност со сведочењето на Фаучи пред Конгресот од 2024 година. Фаучи постојано ги негираше обвинувањата дека ги довел во заблуда пратениците или го прикривал потеклото на Ковид-19, нарекувајќи ги таквите тврдења „апсурдни“ за време на конгресното сослушување во јуни 2024 година.
Тој, исто така, рече дека и природното потекло и лабораториската несреќа остануваат можни објаснувања за појавата на вирусот, иако верува дека достапните докази повеќе укажуваат на природен пренос отколку на лабораториска грешка.
Американските разузнавачки агенции не донеле конечен заклучок дали вирусот потекнува од лабораторија или е природен, а тоа не се посочува и во новообјавените документи.
Ковид-19, предизвикан од коронавирусот SARS-CoV-2, првпат беше идентификуван во Вухан, Кина, кон крајот на 2019 година и беше прогласен за глобална пандемија од страна на Светската здравствена организација во март 2020 година.
Пандемијата доведе до милиони смртни случаи низ целиот свет и предизвика големи нарушувања во јавното здравје, економијата и општеството.
Потеклото на вирусот останува под истрага, а научниците и разузнавачите продолжуваат да ги разгледуваат и природното потекло и сценаријата поврзани со лабораториска грешка.
МИА
Ново на Сител
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
