Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
Повеќе од 4,400 романски државјани во Соединетите Американски Држави се соочуваат со ризик од депортација согласно новата имиграциона политика на претседателот Доналд Трамп, објави телевизијата „Диџи 24“.
Тие се дел од околу 1,5 милиони нелегални имигранти кои Трамп најави дека ќе ги депортира што е можно побрзо, како што вети во предизборната кампања.
Според податоците од ноември 2024 година, објавени на веб-страницата на Американската служба за имиграција, веќе се издадени конечни решенија за депортација на 1,370 Романци.
Ова значи дека тие ги исцрпиле сите правни можности за оспорување и чекаат да бидат испратени назад во Романија.
Телевизијата потсетува дека помалку од десет дена по стапувањето на функцијата на Трамп, повеќе од 3,500 нелегални имигранти, претежно од Латинска Америка, веќе се депортирани.
Освен тоа, на списокот на мигранти кои имаат проблеми со правосудниот систем се наоѓаат 3,640 романски граѓани, кои повеќепати ги прекршиле американските закони, се вратиле нелегално по претходна депортација или се барани за криминални дела извршени во странство.
Од нив, 1,910 веќе се наоѓаат во имиграциски притвор, објавува „Диџи 24“.
Ново на Сител
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи
-
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
-
Населба Влае без вода за пиење
-
Кривична за директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за загрозување на животната средина
-
Анушиќ: Хрватска сака да стане европски лидер во производство на мали дронови
-
Израелското државно радио известува за „дожд од ракети“ од Иран
-
Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите
-
Алмеида нoв тренер на Севиља