Loading Video...
Свет
16. јуни 2025 - 16:41

Војната се шири

Иран подготвува закон со кој ќе се повлече од договорот за неширење на нуклеарно оружје. Договорот што Иран го ратификуваше во 1970 година им го гарантира на земјите правото да се стремат кон цивилна нуклеарна енергија а во замена мора да се откажат од нуклеарното оружје и да соработуваат со меѓународната агенција за атомска енергија. По актуелните случувања иранската влада објави дека е во подготовка на законски измени за излегување од договорото. 

Секако ќе донесеме соодветна одлука во светлината на неодамнешните случувања. Во тесна координација сме со парламентот и, секако, сите одлуки донесени од парламентот, според законот, се обврзувачки за владата на Исламската Република Иран. Предлозите што ги споменавте моментално се во фаза на подготовка (се однесуваат на повлекување од НПТ) и дефинитивно ќе ја обезбедиме потребната координација со почитуваниот парламент за време на процесот на подготовка.“

„Предлозите што ги споменавте моментално се во фаза на изработка и дефинитивно ќе ја обезбедиме потребната координација со почитуваниот парламент за време на процесот на изработка,“
Шефот на нуклеарната агенција на ОН Рафаел Гроси на вонредна седница на управниот одбор изрази загриженост дека воената ескалација претставува закана за животите на многу куѓе и ја зголемува опасноста од радијациско истекување.  Апелираше до Израел и Иран да се воздржат од дополнителни конфликти и изрази загриженост за тоа како тековните судири меѓу двете држави го нарушуваат напредокот во дипломатијата со Техеран. 

Нема дополнителни штети на локацијата на фабриката за збогатување гориво во Натанц од нападот во петокот, во кој беше уништен надземниот дел од пилотската фабрика за збогатување гориво.
Израелскиот премиер при посета на воздухопловната база во Тел Авив изјави дека се на пат кон постигнување на победа. 

Нетанјаху На пат сме кон остварување на нашите две цели: елиминирање на нуклеарната закана и елиминирање на ракетната закана. Кога го контролираме небото над Техеран, ги напаѓаме овие цели, целите на режимот, за разлика од криминалниот режим на Иран кој ги таргетира нашите цивили и доаѓа да убива деца и жени. Им велиме на граѓаните на Техеран: „Евакуирајте се“ - и ние дејствуваме. На пат сме кон постигнување победа, а ова е заслужено благодарение на нашите херојски пилоти, нашите прекрасни копнени екипи, кои исто така вршат неверојатна работа. Ве поздравувам, сите граѓани на Израел ве поздравуваат и сакам да ви кажам: многумина низ целиот свет ве поздравуваат и се импресионирани од вас.

Ова е фундаментален дел од надежта за победа што ќе ја постигнеме. Ви благодариме и со Божја помош - ќе дејствуваме и ќе успееме и ќе продолжиме до победа.“

Во изминатото деноноќие во иранскиот напад  загина најмалку 8 лица стотици се повредени. Погодени се неколку израелски градоци и американски дипломатски објекти. Во израелската одмазда убиени се 4ца ирански високи офицери, уништени се ракети и разузнавачки инфраструктури во Иран. 

Амбасадата на САД во Тел Авив објави дека ќе биде затворена поради помали штети кои ги претрпеле во иранскиот ракетен напад врз градот. 

Нашата @usembassyjlm Амбасада на САД во Израел и Конзулат официјално ќе останат затворени денес, бидејќи сè уште е во сила засолништето. Имаше мали штети од потреси на мозокот од иранските ракетни напади во близина на филијалата на Амбасадата во @TelAviv, но нема повредени меѓу американските војници. Напиша амбасадорот на САД на социјалните мрежи.

Воздушната офанзива продолжува а од почетокот на нападите до денес Израел брои 24 жртви додека на иранската страна загинале 224 цивили.