Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа

Над 50 хектари полско земјиште со висока сува вегетација биле зафатени од пожар што вчера избувна на потегот од Белчишта кон селата Лешани и Злести во општина Дебрца.
Според јавно објавеното соопштение на градоначалникот на Дебрца, пожарот бил сериозна опасност и можел да предизвика последици од многу поголеми размери.
Во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид со три противпожарни возила, заедно со екипа на „Ентузијаст Дебрца“. Интервенцијата траела до доцните ноќни часови, а огнот бил спречен да зафати приватни посеви со пченка и фотонапонска централа.
Градоначалникот, кој бил на терен за време на интервенцијата, јавно им се заблагодари на пожарникарите и на сите вклучени во справувањето со пожарот.
Истовремено упати остар апел до жителите на општината да престанат со палење стрништа, посочувајќи дека ваквото однесување претставува сериозна закана за луѓето, имотот и природата.
Ова веќе не е само невнимание, ова е директно загрозување на општата безбедност, порача градоначалникот, повикувајќи на максимална совесност и одговорност.
Тој предупреди дека пожарите предизвикани со намерно или несовесно палење можат за многу кратко време да излезат од контрола и да загрозат човечки животи, земјоделски површини, објекти и природни богатства.
Огнот не избира, да бидеме разумни пред да биде предоцна, се наведува во апелот на градоначалникот на Општина Дебрца.
МИА
Ново на Сител
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
-

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за пpодолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
