Македонија
20. February 2022 - 16:37

Над 70 проценти од тестовите позитивни на југоистокот од земјата

Бројот на новоинфирцирани со корона вирусот на југот од државата и понатаму останува висок. Анализите на центарот за јавно здравје во Гевгелија покажуваат дека дури 71% од тестираните се позитивни.

Според епидемиологот Сашко Олумчев реалната бројка сигурно е повисока бидејќи во оваа статистика не влегуваат граѓаните кои се тестираат во домашни услови и не се евидентирани во системот. Но и покрај високиот процент тој смета дека состојбата се подобрува бидејќи најголемиот дел од новите случаи имаат полесна симптоматологија.

Анализата на доктор Олумчев покажала дека бројките на нови случаи се најниски на крајот од неделата, а нивниот раст повторно започнува после викендите кога поради слободното време и контактите на граѓаните се најинтензивни. Најголемиот број од новите случаи се млади и ученици. Меѓу позитивните има и повозрасни, но кај нив најчесто се работи за реинфекции.

Полесната симпотматологија не треба да биде причина за опуштање на граѓаните смета докторот Олумчев. Според него во моментов циркулираат и делта и омикрон сојот и затоа е потребно  максимално почитување на општите мерки за заштита, но и вакцинација која во овој момент е најдобриот начин за стекнување на имунитет.