Македонија
18. July 2022 - 12:23

Над 700 штипјани останаа без јавни средства поради бирократска процедура

Над 700 корисници на јавни средства од Штип, стечајни работници и лица на кои им е откажан договорот за вработување од деловни причини, технолошки, организациони и други промени, останаа без паричен надоместок и средства за егзистенција поради бирократска процедура. Поплаките од оштетените граѓани пристигнале и на адреса на ОК на ВМРО ДПМНЕ. 

-Се оставени на цедило без финансиски средства за да преживеат. Зошто до денес, не е направена промена на раководителот, кога претходниот раководител е заминат во пензија на ден 1-ви јули, 2022 година, користејќи претходно годишен одмор. Поради неспособност и не знаење при менаџирање на процесот за промена на раководителот на Агенцијата за вработување во Штип, на штета на многу наши сограѓани-изјави Атанас Крстовски - ОК ВМРО-ДПМНЕ - Штип.

Од Центарот за вработување - Штип, велат дека парите се на сметка уште од 9-ти јули и од тогаш се чека на одобрување на депонираниот потпис на новиот раководител од страна на Агенцијата за вработување. Од Агенцијата пак велат дека се чека на потпис од Министерството за финансии и доколку го добијат во текот на денот, средствата на корисниците ќе им бидат исплатени утре, а доколку не, тогаш ќе мора да почекаат уште некој ден.