Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC

Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8% во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, активното население во земјава е 798 718 лица од кои 708.698 се вработени, а 90.020 се невработени. При тоа стапката на активност изнесува 52,5, стапката на вработеност 46,6, а стапката на невработеност 11,3.
Од вкупниот број на невработените лица, 63,6% се мажи, а 36,4% жени.
Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1%. Од вкупниот број вработени, 57,7% се мажи, а 42,3% жени.
Во второто тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 101 022 лица, што претставува зголемување од 7,2% во однос на претходното тримесечје.
- Порастот во најголема мера произлегува од зголемениот број неформално вработени во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде се евидентирани 51 487 лица, или 51% од вкупната неформална вработеност. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 17,2% од неформално вработените. Ваквата структура укажува дека сезонските активности во овие две дејности имаат клучно влијание врз кварталните движења на неформалната вработеност, посочуваат од ДЗС.
МИА
Ново на Сител
-

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со работа на најсложениот дел
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
