Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста тема во медиумите во Грција, кои објавуваат податоци, фотографии, но и видео од колоните возила што се упатуваат кон некоја од туристичките дестинации во северниот дел на земјата.
„Километарски колони и доцнења на Евзони“ – е најчестиот наслов во грчките медиуми о изминатите денови, а во текот на викендот на дел од телевизиите имаше и директни вклучувања од граничните премини.
Државната телевизија ЕРТ објави дека само денеска до пладне на влез во Грција биле регистрирани 16.500 лица, додека 8.500 лица ја напуштиле земјата.
- Показател за обемот на сообраќајот на граничниот премин Евзони е податокот дека само во изминатите три дена (7, 8 и 9 август) во земјата влегле 62.000 лица, а ја напуштиле 55.000 лица, а од почетокот на летото во Грција влегле 1.100.000 посетители, додека земјата ја напуштиле 940.000 посетители, објави ЕРТ.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
