Надминати проблемите со кои се соочија македонските туристи во Грција
20 приговори од измамени туристи пристигнале само од почетокот на сезоната во Агенцијата за заштита на потрошувачи. Од агенцијата велат на дневна основа добиваат повици со различни поплаки. Најголем број се за несоодветно сместување односно измама за понудата која нема врска со реалноста.
За последниот случај со македонските граѓани при сместување во хотел во Грција кои реагираа дека се измамени информациите се контрадикторни. Туристите преку медиумите се пожалија дека останале пред врата бидејќи агенцијата не го уплатила нивниот 8дневен аранжман. Брзо потоа пристигна и демант од Агенцијата ЈК Травел од каде велат дека тие се сместени и дека станало збор за недоразбирање со рецепционерите на Хотелот за кој добиле и писмено извинување.
Ваквите случаи се во надлежност на Пазарниот инсекторат кој по пријава треба да реагира и направи увид во работата на туристичката агенција.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
