Македонија
20. October 2015 - 16:29

Наглата промена на времето негативно влијае и врз болните и врз здравите

Десет дена се потребни организмот да се навикне на промената на времето.  Лекарите предупредуваат дека падот на температурата  може лошо да влијае не само на болните туку и на здравите.  Од заладувањето најпогодени ќе бидат метеоропатите и лицата со хронични заболувања. 

- За граѓаните полесно да ги поденесат промените на времето потребно е да практикуваат физичка активност и да внимааваат на исхраната, советува д-р Љубе Пајковски, раководител во Брза помош

При големи температурни разлики во Брзата помош очекуваат зголемен број на повици. Викендот реализирани се и првите десетина интервенции од новоотворениот пункт во поликлиниката во Ѓорче. Дежурната екипа која е стационирана овде побргу ќе одговара на поканите за итни случаи во овој дел од градот.

-Но доколку има поголем број на повици од Ѓорче и околината секако дека ќе бидат испратени и други екипи од базата во Карпош, додаде д-р Пејковски.

Во пунктот во Ѓорче 24 часа ќе има дежурно возило и медицинска екипа. Засега во смена работи еден тим , но доколку има потреба надлежните најавија дека ќе го зголемат  здравствениот персонал.