Македонија
13. јуни 2025 - 16:32

Награди „Војдан Чернодрински“

Награда за уметничко остварување на претставата во целина со мнозинство гласови годинава на 59-от „Војдан Чернодрински“ се додели на ансамблот на МНТ за претставата „12“. Оваа претстава ја освои и специјалната награда за колективна актерска игра. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Лилија Абаџиева, како претседател и членовите Иван Меденица и Нела Оташевиќ.

„За мене „12“  е исклучително актерско достигнување на секој еден актер од екипата. За мене до денес независно од моето долгогодишно искуство на истражување на човечкото во човекот преку играта на театарот, актерот си станува  најголемата загатка, тајна и најголемото чудо“, рече Лилиа Абаџиева,  претседателка на жири комисијата.

За дел од жирито македонскиот театар според она што го дал на Фестивалот бил во криза.

„За следниот 60-ти јубилеј на Фестивалот би требало да го постави главното прашање: Каде се наоѓа денес македонскиот театар? Јас мислам дека е во криза. Врз основа на тоа што можевме да го видиме мислам дека е во творечка криза и тоа би требало да биде клучното прашање со кое ќе се занимава Фестивалот. Инаку еве една мала сочна работа, кога дојдовме до најдобрата претстава имавме 3 предлози од тројцата членови на жирото“, додаде Иван Меденица, член на жири комисијата.

Наградата пак од публика ја понесе претствата „Слепци“ на турскиот тетар и тоа со просечна оценка 5, како и наградата за млад актер.

„Додека се подготвуваме со претставата додека траат пробите и цело време викаме, се е во ред имаме публика и во Скопје и секаде, но прилепската публика ни е посебна и тоа секогаш ќе остане така“, вели Осман Али, директор на Турскиот театар.

„Публиката вчера како да ја прими таа наша порака, прилепскаста публика е магична, многу убаво ги наградува актерите и претставата и некако како да е уште еден актер во ансамблот и не храни и многу е лесно да се игра пред таква публика“, истакна  Слаѓана Вујошевиќ, актерка во турскиот театар која годинава ја понесе наградата за млад актер.

Претстава „Слепци“ ја доби и наградата за режија со мнозинство гласови која ја доби режисерот Ќендрим Ријани.