Најава за нов театар во Прилеп
Дали конечно после години празни ветувања работите за изградба на нов театер во Прилеп се поместуваат од мртва точка? Во тек е подготовката на проектно техничката документација за реконструкција со доградба и надградба на Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп со цел обезбедување на простор за изградба на нов театар, кој ќе биде во состав на самиот Дом за култура. Новиот театар ќе биде во продолжение на галеријата односно ќе го опфаќа местото кое сега домот го издава на угостителски објекти и на просторот каде се наоѓа сегашното кино Мис Стон. За изработка на основниот проект и почеток на дел од работите за градба Министерството за култура годинава одделило 6 милиони денари.
„Имаше идејно решение, идејното решение Општината ни го отстапи. И започнавем со обезбедување на проектно техничка документација, односно на основниот проект“, истакна Јасмина Мицовска Станкоска, в.д директор на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Со оваа реконструкција, доградба и надградба се планира и изградба на концертна и кино сала на вториот кат од Домот. Изработката на основиот проект треба да заврши во јуни, по што ќе следува распишување на тендер за изведувач на градежните работи.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар