Најблиските контакти со заразени од пертитус на терапија
Под епидемиолошки надзор во Скопје се 56 лица кои биле во контакт со заразени од голема кашлица. Голем број од нив се и ученици бидејќи 12 деца од десетина училишта во градот имаат пертусис и се евидентирани во центарот за јавно здравје. Секогаш кога имаат пријава за ваков случај, епидемиолози веднаш прават проверка на вакциналниот статус во одделението или класот каде е заразениот и препорачуваат комплетирање на имунизацијата кај тие што пропуштиле. Дел од блиските завршуваат со терапија.
- На контактите се препорачува профилакса, односно профилактички дози на антибиотик и оние кои не се вакцинирани да с евакцинираат, а лицата со профилакса можат да продолжат со нормалните активности. Ако не комплетно вакцинирани не се опасни и ако се на профилакса нема потреба од затворање и карантинизирање на тие лица, вели д-р Сандра Петковска од Центар за јавно здравје Скопје.
Денеска во скопскиот центар за јавно здравје евидентирале нов случај на голема кашлица кај ученик, исто како и вчера, но велат двата случаи не с еповрзани. Досега во главниот град има 28 потврдени и најголем број од нив се невакцинирани. Освен вакциналните статуси важна е и хигиената, советуваат епидемиолозите.
- Се препорачува поинтензивна хигиена, дезинфекција и проветрување и апел до оние кои имаат симптоми да побараат лекарска помош и да не одат на училиште вели д-р Петковска.
Освен кај нас, состојбата со големата кашлица е алармантна и во соседството. ГФолем број заразени има во Црна Гора и Србија.
За колективен имунитет треба опфат над 95 проценти а не 83 каков што е сега процентот на имунизирани со ди те пер во земјата.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар