Најдобaр чистaч на крвта: Храна која го „топи“ холестеролот

Конзумирањето на само 100 грама печурки на ден за само една недела го намалува холестеролот за 12 отсто, покажа научно истражување.
Во исто време, групата испитаници кои во истиот период јаделе околу 60 g путер на ден го зголемила холестеролот за дури 14 проценти. Контролната група која конзумирала иста количина путер во комбинација со 100 гр печурки го намалила холестеролот за четири проценти.
Врз основа на овие резултати е откриено дека печурките се совршен прочистувач на крвта.
Нутриционистите ги нарекуваат „шумско месо“, бидејќи покрај пријатниот вкус и арома, поседуваат исклучителна биолошка вредност. Тие имаат речиси ист квалитет како животинското месо, содржат колку што е 91 проценти од водата и голем број на минерални состојки, особено калиум, а малку помалку калциум, фосфор, железо и магнезиум. Покрај тоа, богати се со растителни влакна, и содржат витамини Б2, Д и Ц.
Сепак, биолошки се посебно вредни поради белковините, а особено поради важните аминокиселини. Интересно е дека свежите печурки поседуваат два отсто белковини, а исушени 22 проценти.
Ново на Сител
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
