Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија

Најмалку 35 лица загинаа, а речиси 400 се повредени во бури предизвикани од обилни снежни врнежи што ја погодија северна Јапонија во последните две недели, соопшти денеска јапонската влада.
Петнаесет префектури се погодени, а снегот достигна до два метра во најтешко погодените области.
Најголем број смртни случаи е пријавен во префектурата Ниигата – 12, вклучувајќи маж на околу 50 години пронајден на покривот на куќа и постар маж кој паднал додека чистел снег во градот Нагаока.
Седум смртни случаи се пријавени во префектурата Акита и пет во Јамагата. Бројот на повредени низ целата земја е 393, вклучувајќи 126 тешко повредени, од кои 42 во Ниигата. Оштетени се 14 куќи.
Главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, предупреди дека топењето на снегот може да предизвика лизгање на земјиштето и ги повика граѓаните да користат шлемови и јажиња при чистење на снегот.
Властите формираа неколку работни групи за да реагираат на погодените подрачја, а прогнозите предвидуваат повеќе снежни врнежи во текот на претстојниот викенд.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
-

Обвинителството отвори предмет по наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
