Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина

Најмалку четири лица загинаа во текот на ноќта во руски напади врз источна Украина, соопштија локалните власти.
Обвинителството во Доњецка област соопшти дека три лица загинале, а пет биле повредени во нападите врз градот Славјанск, кој е дел од главната одбранбена линија на украинските сили во регионот Донбас.
Со напади извршени со беспилотни летала бил нападнат и градот Запорожје, при што најмалку едно лице загинало, а седум биле повредени.
Раководителот на Запорошката областна воена администрација, Иван Федоров, изјави дека во нападот избувнал пожар во станбена зграда и во трговски центар. Според него, оштетена е и една образовна установа во Запорожје.
Во меѓувреме украинските воени власти соооштија дека двајца пилоти загинале откако се урнал борбен авион „Сухои-24“ во Хмелницката област.
„Причините и околностите на несреќата се предмет на истрага“, се наведува во соопштението на украинската војска.
Хмелницката област се наоѓа во западниот дел на Украина, на околу 160 километри од границата со Молдавија.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, со заедичка одговорност можеме да зачуваме чист и уреден градот
-

Министерство за здравство: Случајот со пациентката од Струмица ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
-

Багеи: Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната
-

Инфантино не е вистинскиот човек да ја предводи ФИФА, порача британскиот премиер
-

Во изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
