Свет
18. August 2026 - 10:07

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област

Најмалку десет лица загинаа, а осум се ранети во руски ракетен напад врз село во североисточната украинска Харковска област, соопшти шефот на регионалната воена администрација, Олег Синегубов.

Во нападот врз селото Печенеги се оштетени десет приватни објекти, кафуле, поштенскиот клон, продавница и најмалку седум автомобили, напиша Синегубов на социјалната мрежа „Телеграм“.

Властите продолжуваат со проценка на последиците од нападот.