Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск

Најмалку две лица беа убиени и 13 беа ранети при експлозија на минибус во предградие на Дамаск, пренесе сириската државна новинска агенција Сана.
Претставници на Министерството за здравство изјавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и оти блиските болници и службите за итна медицинска помош се во зголемена подготвеност.
Претставник на службите за безбедност за државната телевизија „Ехбарија“ изјави дека според првичните информации, експлозијата била предизвикана од експлозивна направа поставена во минибусот.
Во предградието Џарамана живеат претежно припадници на малцинството Друзи.
Фракции на Друзите повеќе пати влегуваа во вооружени судири со армијата на новото исламистичко државно раководство на Сирија. Според извештај на ОН објавен во март, во јужната провинција Суејда од јули 2025 година биле убиени над 1.700 луѓе, претежно Друзи цивили и одреден број претставници на бедуинската заедница. Во извештајот исто така се наведува дека силите на сириската влада, борци од локалните племенски заедници и вооружени формации на Друзите можеби извршиле воени злосторства.
МИА
Ново на Сител
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
-

Засилени контроли во постапувањата на конзерваторските одобренија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
