Најмалку пет загинати во израелски напади врз Либан, тројца од нив припадници на спасувачките служби

Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца спасувачи, загинаа при два последователни израелски воздушни напади врз зграда во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Портпарол на либанската цивилна заштита изјави дека спасувачите пристигнале на местото по првиот напад за да им помогнат на повредените, но биле затрупани под урнатините по вториот удар во градот Маџал Зун, при што подоцна било потврдено дека загинале.
Либанската армија претходно соопшти дека двајца војници биле повредени во вториот напад.
Либанскиот премиер Науаф Салам ги оцени нападите како „ново и отворено воено злосторство извршено од Израел“.
Израелската армија засега не одговорила на барањата за коментар.
Канцеларијата на Обединети нации за човекови права минатиот месец соопшти дека израелските воздушни напади врз цивили, вклучително и медицински работници во Либан, би можеле да претставуваат воени злосторства.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз, фокус на модернизацијата на Армијата
-

Николоски: Силен раст од 23 отсто во карго железничкиот превоз, ја пуштаме и линијата Миладиновци-Драчево
-

Шест лица загинаа во судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, меѓу патниците можеби бил и Оливер Три
-

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија и дополнителна поддршка за Украина
-

Ормуската Теснина ќе биде отворена по потпишувањето на договорот меѓу САД и Иран
-

СП 2026: Шведска убедлива против Тунис
-

Јавна расправа за Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри
-

МНР на Србија: Соопштението од Црна Гора ја потврдува тезата за хибридна војна против Србија
