Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер

Ентони Едвардс од Минесота Тимбервулфс е најмладиот играч кој стигнал до 1.000 тројки во историјата на НБА.
Ѕвездата на „шумските волци“ беше најзаслужен за победата над Хјустон Рокетс (127-114), кога постигна 41 поен со седум скока и шест асистенции.
Бекот на овој меч постигна пет тројки, доволни за да го собори рекордот што претходно го држеше Девин Букер.
Брилијантниот стрелец на Феникс го постигна овој подвиг на 24 години и 134 дена, а поранешниот студент на Универзитетот Џорџија успеа да ги „подобри“ перформансите за повеќе од една година (23 години и 100 дена).
Ентони Едвардс сезонава бележи просек од 27,2 поени, 5,8 скока и 4,5 асистенции по натпревар, а третпат ќе се појави на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско.
Популарниот „Ант-мен“ ја води Минесота до шестото место во Западната конференција во досегашниот тек од шампионатот, со скор 29-23.
Ново на Сител
-

Фехми Стафа: „10 години ќе лежам, ама нема да лажам дека парите се за Ѓоко“
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
