Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Амзабегово, Светиниколско, каде се измерени 88 литри на метар квадратен. Следат Струмица со 50 л/м2, 29 Градско, 26 Кавадарци, Бовин, 23 Радовиш, 18 Коџалија, 13 Штип, 10 Берово, Ѓуриште, Демир Хисар, 9 Крушево, Водоча, 8 Демир Капија, Скопје – Петровец, Јасен, 7 Виница, 3 Тополчани, 2 Велес, Прилеп, 1 Битола, Скопје – Зајчев Рид.
Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управата за хидрометеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведуваат од УХМР.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 34 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
