Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија, 12 литри на квадратен метар.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека 10 литри воден талог утрово се измерени во Крушево и Битола, 6 во Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка, 4 во Велес и Пожаране, 3 во Ѓуриште, 2 во Скопје – Зајчев Рид, Тополчани, Штип, Радовиш – Пожар и во Тетово и по еден литар количество врнежи на квадретен метар во Охрид, Берово, Виница, Кавадарци, Струмица, Претор и Крива Паланка.
Минусни утрински температури утрово се измерени на Попова Шапка (-4 степени и висина на снежна покривка од 36 сантиметри) и во Берово и Маврови Анови (-1 степен).
Нула степени во Kрушево, 1 степен во Претор, Радовиш – Пожар, Крива Паланка и Охрид, 2 степена во Битола, Тополчани, Пожаране и Ѓуриште, 3 во Прилеп, 4 во Скопје – Зајчев Рид, Виница, Кавардарци, Велес и во Тетово, 5 во Скопје – Петровец, Струмица и Штип и 7 степени измерени во Демир Капија и Гевгелија.
Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата - над 20 литри на квадратен метар.
-Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени, соопшти УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
