Македонија
21. May 2026 - 12:37

Во младите е клучот за развој на турзимот

Македонија има потенцијал за развој на современа и автентична туристичка понуда, но неопходна е поголема вклученост на младите, локалното население и институциите. Особен акцент треба да биде ставен на креирањето уникатни искуства кои би ги привлекле и домашните и странските туристи.

-Македонија е богата со места и луѓе кои што имаат уникатни професии и хоби, а ако ги инволивраме во сето ова кое што го градиме како еден пакет туризам ќе добиеме уште поголема палета на понуди, изјави Георги Камов, Кајак мк.

Овие теми беа во фокусот на деветтата Меѓународна научна конференција што се одржа на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД.

-Она што произлезе од дискусијата е тоа дека, ние сме на прав пат, а она што недостасува е храброст од студентите и мотивација да го превземат чекорот, па и да згрешат. Да грешат, се додека не се погоди некоја работа, тоа беше препораката од панелистите, а потоа ни недостасува само репетиција. Не секогаш иновацијата е  она што се исплаќа на крај, изјави Наташа Митев, деканка на ФТБЛ, УГД-Штип.

Туризмот претставува важен двигател на економијата, поради што од ЦРИПР најавија нови проекти за регионален развој и унапредување на туристичката понуда.

-Ние како институција, која што се грижи за регионалниот развој во регионот и поврзува 11 општини, споделивме една од главните точки кои што се занимавме и каде што планираме да реализираме проекти е туризмот, бидејќи е гранка која што индирекно или дирекно поврзува повеќе подгранки и е двигател на економијата во регионот и државата, изјави Трајче Здравков, директор на ЦРИПР.

Конференцијата отвори простор за нови партнерства и идеи што во иднина би можеле да придонесат за посилен и поконкурентен туристички сектор во земјата.