Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
Најмногу воден талог во изминатите 24 часа до 8 часот утрово од 20 л/м2 е измерен во Крива Паланка, Виница, Струмица.
Следат со 16 л/м2 Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 Претор, 8 Демир Капија, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе и 4 л/м2 во Маврови Анови, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.
Ново на Сител
-
Предлог Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница
-
Анчелоти: Во мојата кариера сум тренирал 34 Бразилци, имав проблеми само со еден
-
ЕХФ покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК
-
Јамал во Барселона до 2031 година
-
ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
-
Дводневен штрајк на таксистите во Атина
-
Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц
-
Русија пресретнала над 100 украински дронови