Изборот на гувернер заглави во Собранието
Предлогот за гувернер на Народната банка заглави во Собранието. Пратениците го сменија дневниот ред, па станува неизвесно дали денеска ќе се случи изборот на 6 от по ред гувернер. Универзитетскиот професор Трајко Славески е името кое го предложи претседателката Давкова, а за да биде избран ќе бидат потребни 61 глас од пратениците.
Опозициската СДСМ најави дека жестоко ќе се спротистави, затоа што сметаат дека партиски човек ќе ја поткопа независноста на централната банка. Поддршка нема да добие ни од Алијанса на Албанците
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак го тврди спротивното. Славевски е личност со инегритет, кој ќе ја зачува независноста на монетраната власт
Трајко Славески е професор на Економскиот факултет и актуелен претседател на Советот на Град Скопје. Од осамостојувањето на Македонија бил советник на министерот за развој, по што станува и министер за развој во 99-та. Од јули 2009-та, во Владата на ВМРО-ДПМНЕ станува министер за финансии. Креатор е на даночната реформа, воведување на фискализиацијата. Во Народната банка ќе треба да се грижи за стабилноста на денарот и банкарскиот сектор, како и на инфлацијата.
Мандатот на гуверенрот трае 7 години. Славевски ќе седне на местото на Анита Анѓеловска Бежоска. Во изминативе 35 години на оваа позиција беа и Димиар Богов, Петар Гошев, Љубе Трпески и Борко Станоевски.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар