Најмногу дожд во Mаврови Анови и на Попова Шапка во изминатите 24 часа

Најстудено е утрово на Попова Шапка, -1 степен, каде што има и снежна покривка од 72 сантиметри. Како што информира УХМР, 1 степен утрово е во Mаврови Анови, 2 во Kрушево и Лазарополе, 4 степени во Претор, 5 во Охрид и Берово, 6 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, 7 во Тетово, 8 во Скопје - Петровец, Скопје - Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Струмица и 9 степени во Гевгелија.
Во изминатите 24 часа, најмногу дожд (40 литри на квадратен метар) наврнал во Mаврови Анови, 35 на Попова Шапка, 17 во Битола, 13 во Kрушево, 8 литри во Демир Капија, Гевгелија и Пожаране, 7 во Скопје - Петровец, Скопје - Зајчев Рид и Лазарополе, 6 во Претор и Пожар-Радовиш, 5 литри во Крива Паланка, Тетово и Прилеп, 4 во Куманово, Велес и Кавадарци, 2 во Виница и Струмица и 1 литар на квадратен метар во Штип, Ѓуриште и Тополчани.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 литри на квадратен метар), на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
