Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за носењето на уставните измени значи покана за широка влада?
Аналитичарите со став дека оваа идеја е тешко остварлива во актуелниот политички амбиент, земајќи го в предвид фактот дека состојбата е длабоко поларизирана и има отсуство на заеднички став кај политичките елити за спорот со Бугарија и евроинтеграциите. Ова е во целосна спротивност со ситуацијата кај нашиот источен сосед, каде што постои национална Декларација зад која цврсто стојат сите политички партии.
Денес вниманието на јавноста се насочува и кон кон нон-пејперот на Мерц кој нуди иновативни предлози за побрзо приближување на ЗБ кон ЕУ. Но дали тој би можел да овозможи деблокада на македонскиот евроинтегративен процес и тргање на условот за внесување на Бугарите во Уставот?
Утре на маргините на НАТО состанокот во Шведска ќе се одржи првата официјална средба меѓу Муцунски и неговата нова бугарска колешка Велислава Петрова Чамова. Средбата доаѓа на иницијатива на шефот на македонската дипломатија кој минатата недела информираше дека испратил покана за средба, за како што рече да се одржи дијалогот со Бугарија, без разлика на спротивните ставови за македонската евроинтеграција.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
