Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат

Најмногу дожд во изминатото деноночие наврна во Маврови Анови 48 литри на метар кавдратен, 34лити во Пожаране, 31 во Kрушево, во 23 Прилеп, 21 во Охрид, 17 во Битола и Демир Капија, 16 во Тетово, а 5 во Скопје.
Најстудено, пак, утрово е на Попова Шапка -2, 0 во Mаврови Анови, 1 Kрушево, 4 Охрид, 5 Крива Паланка, Тетово, Битола, Прилеп, Берово, 6 Претор, 7 Виница, а во 8 Скопје.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови. Поради продор на постуден воздух на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
