Најмногу дожд во Претор

Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12, Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6, Велес, 5, Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура изутрина на Попова Шапка изнесува 5 степени, 7 во Kрушево и Лазарополе, 8 Претор и Mаврови Анови, 9 Охрид и Битола, 10 Крива Паланка, Прилеп и Берово, 11 Тетово и Виница, 12 Скопје-Петровец, Штип, Кавадарци и Демир Капија, 13 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Куманово, Струмица и Гевгелија.
Како што најави УХМР; времето претладне ќе биде со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.
МИА
Ново на Сител
-

Скопјанец управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, возилото е одземено
-

Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“
-

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
