Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег

Најниска температура утрово е измерена во Тетово шест степени, во Скопје, Берово, Крива Паланка, Охрид седум степени, во Битола осум степени, во Виница и Демир Капија девет степени и во Срумица 10.
Најмногу дожд наврна во Охрид 27 л/м2, во Демир Капија 19, во Битола 17, во Берово 15, во Струмица 11, во Крива Паланка 10, во Виница 9 и во Тетово шест л/м2.
Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Од вторник построги услови за купување втор стан
-

Заврши состанокот на процесот Брдо-Бриони: Проширувањето да биде императив
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Расчистено убиството кај Смилковско - осомничениот открил како го извршил делото
-

Главната расправа за случајот со претепаната Сара одложена
-

Со боди камери и видеоповици ќе се документира семејното насилство
-

Западен Балкан бара побрза евроинтеграција
-

„Блек фрајдеј“ под лупа, инспекторите ќе проверуваат дали попустите се реални или маркетиншки трик
