Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа 86 литри на метар квадратен.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот измерени се 7 степени во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, 8 во Струмица, 9 во Берово и Крива Паланка, 10 во Куманово, Тетово, Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип и Кавадарци, 11 во Прилеп, Претор, Виница во Охрид и 12 во Демир Капија и Битола.
До 8:30 часот наврнале и 57 литри дожд на единица површина во Крива Паланка, 55 во Маврови Анови, 43 во Лазарополе и Тетово, 38 во Куманово, 37 во Скопје – Петровец, 33 во Скопје – Зајчев Рид, 31 во Ѓуриште, 28 во Виница, 21 во Велес, 20 во Штип и Крушево, 9 во Кавадарци, 8 во Прилеп, 7 во Демир Капија, 6 во Берово и Битола, 5 во Претор, 4 во Гевгелија и 2 во Струмица.
Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Откриена мрежа со фиктивни управители на 380 компании во Грција со направен долг од 43 милиони евра
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод
-

Пошта: Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките
-

Вешти лица од Словенија и денеска ќе сведочат за „Онкологија“
-

Предметот Македонски јазик и култура ќе се изучува во уште едно училиште во Хрватска
-

„Берлинале“ 2026: Мишел Јео ја доби „Златната мечка“ за животно дело
-

Како да пријавите во Агенцијата за Храна и Ветеринарство
-

Мицкоски: Продлабочување на стратешко партнерство со САД, силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија
