Пошта: Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките

Пошта на Северна Македонија информира дека работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките, откако дојде до забавување при обработката и царинските прегледи поради новите обврски со измените на Законот за Данок на додадена вредност (ДДВ).
Со измените на Законот за ДДВ, што стапија во сила на 18 декември лани, се укина ослободувањето од ДДВ за пратките нарачани онлајн во вредност до 22 евра, а Пошта на Северна Македонија, заради утврдување на ДДВ е должна сите пратки нарачани онлајн да ги даде на царински преглед. Оваа нова обврска, велат оттаму, создава забавување при обработката и царинските прегледи на пратките.
- Пошта на Северна Македонија заедно со Царинската Управа, работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките, се со цел да пристигнат во што пократок рок до примачите/корисниците, информира националната Пошта во објава на својата веб страница, апелирајќи на трпение и разбирање.
Министерството за финансии претходно соопшти дека очекува директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании со спроведувањето на законските измени со кои се укина ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра.
- Со укинувањето на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно, колку што изнесува прометот кон странските онлајн платформи во одредени периоди, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе помогнат во растот на локалните компании, креирањето нови работни места и подобрувањето на условите и платите на вработените, информираше Министерството за финансии, откако Собранието ги изгласа измените на Законот во ноември лани.
Новиот модел, беше посочено дека ќе придонесе за намалување на сивата економија. Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.
Во Регистарот на лиценци на Агенцијата за пошти се евидентирани 29 компании, од кои Пошта на РСМ е носител на Индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга, а останатите на општо овластување.
МИА
Ново на Сител
-

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Се намалува матноста на изворот Шум, водата во Струга и понатаму забранета за употреба
-

Одземено возило и приведено младо лице од росоманско Сирково, возело без положен возачки испит
-

Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смее да јаваат магариња на Санторини
-

Откриена мрежа со фиктивни управители на 380 компании во Грција со направен долг од 43 милиони евра
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод
-

Пошта: Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките
-

Вешти лица од Словенија и денеска ќе сведочат за „Онкологија“
