Македонија
3. February 2026 - 9:01

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово е на Попова Шапка -5 степени, во Крива Паланка се измерени -4, во Скопје-Петровец -3. Над нулата е само во Гевгелија со два степена, информира УХМР.

На Попова Шапка има и најмногу снег 34 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 18, а во  Маврови Анови 11 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

 

МИА

Ново на Сител