Македонија
11. February 2026 - 9:11

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најниска минимална температура од -2 степена утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најмногу снег 63 сантиметри, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Освен на Попова Шапка и во Лазарополе, насекаде низ земјава температурите се над нулата.

Според синоптичарите, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

 

МИА