Најстудено на Попова Шапка

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -4 степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија.
Како што информира УХМР, -2 степена е во Скопје - Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка и Kрушево, -1 во Штип, Берово, Прилеп и Mаврови Анови, 0 во Демир Капија, Претор и Виница, 1 во Скопје - Зајчев Рид, Охрид, Велес и Кавадарци, 2 во Тетово, како и 5 степени во Куманово.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
