Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -3 степени, а максимални 8 степени се измерени во Штип и Виница.
На Попова Шапка има и 53 сантиметри снег.
Според УХМР, до 8:30 часот се измерени и -1 степен во Берово, 0 во Битола и Kрушево, 1 во Скопје - Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп и Mаврови Анови, 2 во Крива Паланка и Претор, 3 во Скопје - Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 4 во Велес и Кавадарци, како и 5 степени во Демир Капија,
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 20 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Гаши: Собранието работи на усвојување на законите од реформската агенда
-

Муцунски во посета на Полска – интергацијата на Западен Балкан е „незавршена работа за ЕУ“
-

Граѓанскиот суд повторно го забрани штрајкот на Синдикатот на контролори на летање
-

Војната сериозно го загрозува снабдувањето со вештачки ѓубрива
-

Перински: Инвестиции и поголема финансиска независност на општините
-

Преглед на вестите од светот
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
