Македонија
9. January 2026 - 8:58

Најстудено утрово на Попова Шапка, -11 степени

Утрово најниска температура од -11 степени Целзиусово е измерена на Попова Шапка. Следат -9 во Куманово, -8 Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, -7 Тетово, Демир Капија, Mаврови Анови, -6 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Kрушево, -5 Прилеп, -3 Гевгелија, Претор, -2 Охрид, Битола.

Во изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд наврнал во Охрид од 5 л/м2, 3 во Маврови Анови, 2 Тетово, Демир Капија, Пожар и 1 л/м2 воКрива Паланка и во Крушево.

Снег со висина од 1 см е забележан во Крива Палнака, посочуваат од УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

 

МИА