Најстудено утрово во Берово, дневната температура денеска од 12 до 18 степени

Најниска температура утрово е измерена во Берово, -6 степени. Минусни температури се измерени и на Попова Шапка, Лазарополе, Mаврови Анови и во Битола (-3), -2 степена во Струмица, Крива Паланка и Kрушево, -1 во Претор и Гевгелија.
Како што информира УХМР, 0 степени утрово се измерени во Прилеп, Скопје - Петровец, Тетово, Демир Капија, Охрид и Велес, 1 степен во Кавадарци, Скопје - Зајчев Рид, Штип и Куманово и 2 степена во Виница.
Во изминатите 24 часа, три литри на квадратен метар врнежи и 65 сантиметри снежна покривка се измерени на Попова Шапка, количество од 1 литар на квадратен метар врнежи се измерени во Тетово и Пожаране.
За денеска УХМР прогнозира сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Прес-конференција на министерот Муцунски за евакуацијата на македонските државјани
-

Евакуирани 150 патници од Дубаи, до крајот на неделата уште три авиони од Блискиот Исток
-

Синот на Али Хамнеи - Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран
-

СДСМ: Mицкоски ги лаже граѓаните
-

Депонијата Буково го вклучи алармот
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
