Најстудено во Берово, на Попова Шапка 90 сантиметри снег

Најстудено изутрина во 7 часот е во Берово, каде се измерени -3 степени, по што следуваат со - 2 Скопје-Петровец и со -1 Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица. Во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Попова Шапка, 0 степени, Скопје-Зајчев Рид, 1, Mаврови Анови, 2, Kрушево и Виница 3, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 91 сантиметар.
УХМР за деенска најави променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
