Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Најсвежо утрово е на Попова Шапка каде е измерен 1 степен, а најтопло во Гевгелија со 13 степени. Во Mаврови Анови, Пожаране, Лазарополе се измерени 4 степени, 5 во Берово, Тетово, Радовиш, Скопје-Петровец и Крива Паланка, 6 во Kрушево и Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Претор, 8 во Штип и Виница, 9 во Охрид и Прилеп, 10 во Битола, Струмица, Демир Капија и Велес, како и 11 степени во Кавадарци, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекуваат услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
