Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени

До крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од променлив правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец и со температура до 39 степени.
Најтопло денеска ќе биде во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени, натаму во Гевгелија, Штип и Струмица 38 степени, додека во Тетово и Битола 36 степени.
Утрово најстудено било во Берово со температура од 9 степени, додека дневната ќе се искачи до 31 степен.
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени Целзиусови, а на некои места ќе надмине 40 степени.
Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
МИА
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
