Највозрасната жена која отишла во вселената, Воли Фанк почина на 87 години

Пионерот во американската авијација, Воли Фанк почина на 87-годишна возраст, изјави портпаролката на Градот Грејпвајн во американската сојузна држава Тексас вчера.
– Фанк, која полета во вселената во 2021 година на 82-годишна возраст и постави рекорд со својата возраст, почина во среда во Грејпвајн. Пионерот почина дома од природна смрт, опкружена со најблиските, изјави портпаролката.
Инаку, Фанк полета во вселената со Џеф Безос во 2021 година на вселенското летало „Њу шепард“ и на тој начин стана највозрасната жена што некогаш отишла во вселената. Поранешниот пилот е првата жена назначена на местото испитувач за безбедност во воздухопловството во Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (НТСБ), а исто така, и прва инструкторка во Федералната администрација за авијација (ФАА). Во 1960-тите, таа завршила програма за обука за жени-кандидатки за лет во вселената. Тогаш не била избрана за мисија.
„Длабоко жалиме за смртта на Воли Фанк“, напиша американската вселенска компанија „Блу Ориџин“ на Безос, во своја објава на „Икс“. – „Почестени сме што бевме дел од нејзиното патување“, додава компанијата.
„Непоколебливата решителност на Воли Фанк докажува дека соништата немаат рок на траење. Нејзините револуционерни достигнувања го исполнија Грејпвајн со гордост“, се надоврза градската советничка и блиска пријателка на Фанк, Даф О’Дел, во објава на „Фејсбук“.
Грејпвајн е град со околу 51.000 жители во близина на Далас.
Ново на Сител
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
