Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село, кој избувнал вчера околу 13:30 часот, се прошири во шумскиот појас и заради силниот ветер, високите температури и големата количина сув материјал во гаснењето се вклучиле три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникари на ТППЕ Струмица и доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината и една општествено одговорна компанија која со камиони кипери носела земја.
Веста ја соопштија и потврдија Општина Ново Село, ТППЕ Струмица и Центарот за управување си кризи, а според информациите сторителите се идентификувани и евидентирани како фрлаат запалив отпад, за што понатаму се спроведува постапка за утврдување одговорност во соработка со СВР Струмица.
Според информацијата од струмичките пожарникари, пожарот се проширил надвор од просторот на депонијата и ги зафатил околните ридови и шумскиот појас.
-Од пожар на депонија прерасна во сериозен шумски пожар со опасност од понатамошно ширење. Условите за гаснење се исклучително тешки. Големата количина отпад, високите температури, сувата вегетација и силниот ветер создаваат услови огнот брзо да се шири и да зафаќа нови површини, се наведува во информацијата од ТППЕ Струмица.
Синоќа три противпожарни возила со осум пожарникари-спасители продолжиле со гаснењето на пожарот кај депонијата во село Ново Село.
Од ТППЕ Струмица апелираат до граѓаните да не се приближуваат до опожареното подрачје и да ги почитуваат насоките на службите на терен.
Според последната информација од Центарот за управување со кризи во пожарот кај Ново Село зафатена е депонијата, мешана деградирана шума и ниска вегетација.
МИА
Ново на Сител
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
-

86-годишник и неговиот 60-годишен син се обиделе да силуваат 33-годишна жена во угостителски објект во Леуново
