Нападите со украински беспилотни летала предизвикаа прекини во електричната енергија во рускиот регион Брјанск

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини во електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија синоќа локалните власти, опишувајќи ги нападите како едни од најтешките од почетокот на војната, објави ДПА.
Гувернерот на регионот, Александар Богомаз напиша на Телеграм дека нападите врз енергетската инфраструктура оставиле пет општини и делови од градот Брјанск без електрична енергија и греење.
Тој додаде дека нападите со беспилотни летала траеле повеќе од 12 часа и дека биле соборени повеќе од 170 украински беспилотни летала.
Русија постојано извршува ракетни и беспилотни напади врз енергетската мрежа на Украина од почетокот на нејзината целосна инвазија во 2022 година. Како одговор, украинската војска ги засили своите напади со беспилотни летала на руска територија, честопати насочувајќи ги кон нафтените и гасните постројки.
Регионот Брјанск се наоѓа во близина на украинската граница и е меѓу руските региони најтешко погодени од украинските гранатирања и напади со беспилотни летала, објави ДПА.
MИА
Ново на Сител
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија
-

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху
