Loading Video...
Фудбал
24. October 2022 - 12:05
Наполи го доби дербито со Рома
Наполи го доби дербито од 11.коло во италијанската Серија А.
На „Олимпико“ во Рим, екипата на Неапол славеше со минимални 1-0 во дуелот со Рома.
Иако во текот на целиот меч гостите од Неапол создадоа бројни шанси, сепак клучниот момент се случи десет минути пред крајот која Нигериецот, Виктор Осимнех од речиси невозможна ситуација успеа да ја погоди мрежата на домашниот голман Патрицио.
Со тоа Наполи ја продолжи победничката серија која сега изнесува 11 натпревари во низа, од кои 7 во Серија А и четири во Лигата на шампионите.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->