Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле

Царинските службеници откриле 700 грама хашиш во поштенска пратка пристигната од Шпанија, која била нарачана од македонски државјанин од Тетово.
Пратката била селектирана за детална контрола во ЦИ Пошти. При отворањето, во неколку херметички затворени кеси биле пронајдени седум пакувања со зелена цврста материја.
На местото бил повикан тим од Одделението за оперативни работи, а царинско куче детектирало присуство на дрога. Со дополнително тестирање било потврдено присуство на ТХЦ.
Кога Р.В. од Тетово ја подигнал пратката, бил приведен од инспектори од Одделението за истраги.
По налог на јавен обвинител, пронајдената материја била испратена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за хашиш со вкупна тежина од 700 грама. Дрогата е запленета.
Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Од Царинската управа посочуваат дека борбата против сериозниот криминал останува еден од нивните највисоки приоритети.


Ново на Сител
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
