„Мото Илинден“ со фестивал за адреналин и поголема сообраќајна култура
Адреналин, звук на моќни мотори, но пред се безбедноста во сообраќајот на прво место. Паркингот пред срц Борис Трајковски деновиве ќе биде во центарот на мото светот во Скопје.
Компанијата Мото Илинден која од домашен бренд порасна во регионален гигант за увоз, продажба и сервис на мопеди, мотори и АТВ четирицикли за цела Југоисточна Европа, го организира првиот мото илинден урбан драјв фестивал.
Мото Илинден има за цел да ја подигне сообраќајната свест, соодветното користење на заштитна опрема и едукација на возачите.
Покрај едукативните работилници поддржани од РСБСП посетителите и љубители на брзината имаат можност и да ги тестираат сите модели на мотори но и да учат директно од најдобрите.
Меѓу инструкторите за тест возењата е и Христијан Бузалкоски вицешампионот на FIM Europe STK 1000 за 2026г.
Покрај класичните мотори, Мото Илинден е единствен овластен сервис и застапник за моќните TGB АТВ четирицикли наменети за офроуд терени.
Како се движи оваа моќна машина, тестиравме и ние со еден од поискусните моторџии во Скопје кој е дел од Мото Илинден компанијата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
